26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА12 технологии кои ќе го променат светот

12 технологии кои ќе го променат светот

tehno

12 водечки технологии имаат потенцијал да го променат животот на луѓето, бизнисот и економијата во периодот до 2025-та година, прогнозира „McKinsey Global Institute“, истражувачки оддел на консултантската фирма „McKinsey & Company“.

Во листата се најдоа мобилниот интернет, автоматската обработка на информации, интернет на нештата, „облакот“, роботехниката, автономните и полуавтономните автомобили, генетиката на новата генерација, складирањето на енергијата, 3D печатењето, материјалите со подобрени својства, новите методи за пребарување и добивање на нафта и гас, како и обновливите извори на енергија.

Кумулативниот годишен економски ефект од наведените технологии се пресметува од 14 до 33 трилиони долари. Сите тие ги исполнуваат четирите услови – драстичен развој, широка распространетост, суштинско влијание врз економијата и влијание врз животот на луѓето и бизнисите.

Освен 12-те технологии истражувачите сметаат бројни други перспективни случувања кои поради една или друга причина не спаѓаат во финалната листа. Меѓу нив се фисија на новата генерација, термонуклеарната енергија, изолирање на јаглеродот, новите методи за прочистување на водата и квантните компјутери.

Аналитичарите наведуваат и неколку технологии кои не ги исполнуваат важните услови, но истовремено се доволно интересни како перспектива за развој. Тука спаѓаат приватните вселенски летови (нова сфера на туризмот), LED осветлувањето, безжичното полнење, флексибилните дисплеи и обемот на дисплеите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП