28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали повторно ќе се врати довербата во франкот? Може да биде топ...

Дали повторно ќе се врати довербата во франкот? Може да биде топ валута

Претседателот на швајцарската централна банка Томас Јордан изјави дека протекционистичките тенденции на САД би можеле повторно да ја поттикнат побарувачката за франкот.

Како што предупреди тенденциите од САД би можеле да бидат ризични за швајцарската економија.

„Ризиците се уште не се остварени, но ако меѓународната трговија не функционира добро, тоа е штетно за сите“, изјави Јордан.

„Сигурните скривалишта се највеќе барани во време на политичка неизвесност или големи промени на финансиските пазари. Причина може да биде и протекционизмот“, појасни тој.

Инвеститорите би можеле да тргнат во купување на франкот ако се појават ризици како протекционизам или судир меѓу Европа и Русија, нагласи Јордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП