11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираниот Passat пристигнува во текот на 2018-та

Редизајнираниот Passat пристигнува во текот на 2018-та

По нецели четири години на пазарот, „Passat B8“ ќе биде „освежен“ со цел да продолжи со успехот со кој се натпреварува со конкуренцијата на европскиот пазар.

Дека редизајанираната верзија е речиси подготвена, потврди претседателот на „Volkswagen“, Херберт Диес, за време на редовното годишно обраќање пред медиумите. Тој, меѓутоа, не прецизираше кога редизајнираниот „Passat“ ќе се најде во продажните салони на Стариот континент.

Актуелната, осма генерација е лансирана во ноември 2014-та, а покрај лимузинската во понудата се и караван и „Alltrack“ верзија за „сите терени“.

Во зависност од пазарите, моментално се достапни три турбо бензинци и три турбо дизели, во распон на моќноста од 120 ks (88 kW), во основната 1.6-литарска „TDI“ верзија, па до 280 ks (206 kW), кај најмоќниот модел со 2.0-литарски „TSI“ агрегат.

На располагање е и „GTE“ хибридна верзија со 1.4-литарски бензинец поврзан со електромотор од 116 ks (85 kW).

Не очекуваат поголеми промени во моторизацијата, покрај подобрувањата на полето на потрошувачката и „CO2“ емисијата.

Исто така, понудата би можела да биде збогатена со новиот 1.5-литарски „TSI“ мотор кој би ја заменил 1.4-литарска единица.

„VW Passat“ моментално е водечки автомобил од „D“ сегментот според продажбата во Европа со преку 180.000 испорачани возила во 2017-та, пред моделите „Škoda Superb“, „Opel Insignia“, „Ford Mondeo“ и „Renault Talisman“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП