16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА60 милиони Европејци немаат банкарска сметка

60 милиони Европејци немаат банкарска сметка

banka1

Околу 60 милиони Европејци немаат сметка во банка. Европската комисија наведува дека секој девети Европеец не отворил сметка во банка.

Економските експерти сметаат дека најчести причини за тоа се недостатокот на релевантни информации, различните процедури и тарифите во поединечни држави, стравот на луѓето да не им се случи судбината на замрзнатите кипарски сметки или фактот дека од најразлични причини се одбиени од банките.

За Европската комисија неразбирлив е фактот дека многу граѓани на ЕУ били одбиени кога побарале да отворат сметка во банка. Одбиени се со образложенијата како што се „немате доволно приходи“ или „не сте наш државјанин“ и слично.

Европската комисија смета дека таквото однесување е неприфатливо и бара од земјите членки, секоја за себе, да им олесни на луѓето во време кога речиси сите трансакции се вршат преку банкарските сметки – од плаќање во ресторан, кирија, струја, вода…

Директивата на Европската комисија е јасна – на Европејците мора да им биде дозволено да отворат сметка во банките и кога се живеат во друга земја.

Таа можност мора да им биде отворена на сите Европејци, без оглед на нивната финансиска ситуација. Банките повеќе немаат аргументи да ги одбиваат барањата за отварање на сметка за основни потреби – плата, пензија, плаќање сметки…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП