29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во еврозоната

Забави инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во еврозоната продолжи да забавува во февруари, достигнувајќи 14-месечно намалување на месечна основа. Цените на потрошувачите се зголемија за 1,1 отсто во вториот месец од годината, во споредба зголемување од 1,3 отсто во претходниот месец, според последните податоци на „Еуростат“, објавени денеска.

Споредено со истиот период од минатата година, исто така има сериозно забавување, при што инфлацијата во регионот изнесува 2,0%. Основната инфлација, која ги исклучува промените во цените на нестабилните стоки како енергијата и храната и се смета за точен показател, сепак останува без промена на ниво од 1,0%.

Инфлацијата во Европската унија (ЕУ), исто така, забави во февруари, што е за 0,3 процентни поени помала во однос на претходниот месец – на 1,3%. Ова е исто така најниско ниво од декември 2016-та година. Споредено со истиот период во 2017-та година, забавувањето беше многу поостро – инфлацијата тогаш изнесуваше 2,0%.

За февруари, само една земја на ЕУ има дефлација – 0,4% во Кипар. Најниска стапка на инфлација во вториот месец од годината се забележува во Грција (0,4%), Данска и Италија (0,5%). Романија (3,8%), Естонија и Литванија (3,2%).

Споредено со јануари 2018-та година, годишната инфлација забави во 18 земји-членки, остана непроменета во два и се забрза во седум.

Најголемиот пораст за влијание врз инфлацијата во еврозоната имале цените на услугите (0,57 пр.п.), следени од храната, алкохолот и тутунските производи (0,21 пр.п.) и неенергетските индустриски стоки (0,14 пр).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП