15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје ќе се развиваат социјални претпријатија наменети за маргинализираните заедници

Во Скопје ќе се развиваат социјални претпријатија наменети за маргинализираните заедници

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска присуствуваше на официјалното отворање на ИПА проектот за социјално претприемништво „Отворени можности“, што се одржа во ЕУ Инфо Центар, Скопје.

„Град Скопје, преку партнерството склучено со проектот, ја покажува и практикува хуманоста, солидарноста, волјата и лидерството, преку конкретна техничка поддршка на потенцијалните социјални претприемачи и невладините организации, кои работат со ранливите категории на граѓани / маргинализираните заедници на пазарот на трудот, со посебен акцент на жените Ромки, за да основаат социјални претпријатија, на територијата на Град Скопје“, нагласи Јанчева.

Таа додаде дека Град Скопје во соработка со организацијата ХЕРА преку европскиот проект „Отворени можности“, покажува локално лидерство туку е и парадигма за потребната поддршка од локалните власти за развој на социјалното претприемништво, што води кон разобличување на идеолошките контури и до инклузивни и достапни просторни институции, пред сẻ за ранливите групи на граѓани.

Проектот „Отворени можности“ преку градењето на капацитетите и менторирањето, креирањето политики, како и вмрежувањето и пилотирањето на конкретни мерки ќе даде голем придонес за развојот на социјалното претприемништво, истакнуваат од Град Скопје. Понатаму, се предвидува и регрантирање за невладините организации, кои ќе бидат подготвени да формираат социјални претпријатија со цел инклузија на лицата од маргинализираните заедници на пазарот на трудот.

Проектот „Отворени можности“, кој е финансиран од Европската Унија, од ИПА програмата за граѓанското општество и медиумите 2016-2017, официјално почнува од денескa и ќе трае 2 и пол години (30 месеци). Станува збор за европски проект, на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА организиран во партнерство со Удруга за креативни развој СЛАП од Хрватска и Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП