2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнување на шест инфраструктурни проекти најави Таравари

Започнување на шест инфраструктурни проекти најави Таравари

Започнаа градежните работи за целосна реконструкција на градскиот парк во Гостивар.

Градоначалникот Арбен Таравари кој изврши увид на почетокот на градежните работи, најави дека наскоро ќе започне и асфалтирањето на пет улици на подрачјето во општина Гостивар.

Работите за реконструкција на паркот ги врши јавното претпријатие „Јавни паркиралишта и зеленило”. Директор на претпријатието, Музафер Зулбехари информираше дека работите ќе завршат за околу еден месец, а вредноста на проектот е околу 30 илјади евра, средства обезбедени од самото претптирјатие.

Градоначалникот Таравари, исто така, најави дека со почетокот на пролетта ќе се работи интензивно за реализирање на разни инфраструктурни проекти, со посебен акцент, асфалтирање на пет улици во подрачјето на општина Гостивар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП