17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри лица повредени во седум сообраќајки во Скопје

Три лица повредени во седум сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и четири со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со лесни телесни повреди. Санкционирани се 28 возачи бидејќи возеле со поголема брзина од дозволената. Покрај ова, 19 возачи се исклучени од сообраќајот: 14 заради тоа што управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници и двајца возеле под дејство на алкохол.

Исто така од сообраќај се исклучени 12 возила, од нив – 11 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовареност. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци.

Во однос на пешаците, 23 пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 112 мандатни платни налози, додека 70 возила се подигнати со “Пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП