28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛоши вести за „копачите“: добивката од биткоинот веќе не е профитабилна

Лоши вести за „копачите“: добивката од биткоинот веќе не е профитабилна

Цената на биткоинот падна до ниво кое што производството на криптовалутата веќе не е толку профитабилно.

„Биткоинот во моментов се тргува по цена од околу 8,000 долари, при што оние кои се занимаваат со „копање“ на криптовалутата практично се на нула – според модел развиен од страна на нашиот научен тим“, вели Томас Ли од „Fundstrat“.

Моделот на „Fundstrat“ вклучува три фактори: трошоците за опрема, електричната енергија и други трошоци, како што е ладењето на просториите.

Вчера биткоинот се тргуваше по цена од околу 8.000 долари, според ценовниот индекс на „CoinDesk“ кој ги следи цените од четири големи берзи. Претходно, цената на биткоинот падна на 7.676,52 долари, што беше најниско ниво од 8-ми февруари.

Биткоинот се создава преку енергетски интензивен процес на „копање“, со користење на високи компјутерски способности за решавање на сложени математички задачи. „Копачите“ потоа добиваат наградувачки плати.

Ако трошокот за создавање на биткоинот е поголем од наградата, тогаш „копачите“ во теорија немаат поттик да го сторат тоа.

„Во некои случаи „копачите“ едноставно ги исклучуваат машините, додека цената не порасне“, вели пред „CNBC“, Шон Ансти, коосновач и претседател на „Blockchain Intelligence Group“.

Денес, добивањето на биткоинот бара посебен хардвер што може да чини помеѓу неколку стотици и неколку илјади долари. Како и со другите технологии, на пазарот постојано се појавува поефикасна опрема.

Всушност, потребата за замена на редовната опрема изнесува повеќе од 50% од цената на „копањето“, според моделот на „Fundstrat“.

Од компанијата проценуваат дека при цена на струјата од 6 центи за киловат и други трошоци за излегување на нула цената на биткоинот треба да е 8.038 долари.

Профитот на „копачите“, пресметан во „hash rate“, или количеството компјутерска моќ, која мрежата на биткоинот ја консумира, падна за половина од овој месец, во споредба со декември, поради зголемениот интерес за екстракција на биткоини, вели Чарли Хејтер, извршен директор на „CryptoCompare“.

Просечната такса за трансакција, уште еден извор на приходи за „копачите“, исто така, падна на помалку од 50 центи, откако достигна 34 долари на крајот на декември.

Кај традиционалните суровини, како златото кога цената е еднаква на трошоците за рударство, некои профитери го прифаќаат тоа за индикатор дека цената е блиску до формирање на минимумот, бидејќи понудата се намалува.

Сепак, тоа е малку посложено кај биткоинот, бидејќи цената на рударството сè уште варира многу низ светот поради различните трошоци за електрична енергија.

Во главниот пазар на биткоинот – Кина, „копачите“ имаат пристап до многу евтина електрична енергија. За да може лице да се натпреварува со кинеските „копачи“, трошоците за електрична енергија треба да бидат 4 центи или помалку за киловат, вели Аншти.

Во моделот на „Fundstrat“ за да се дојде на нула од копањето на биткоинот е цена од 6 центи во светот.

Кинеските „копачи“ имаат поттик да добиваат биткоини без оглед на цената, бидејќи тоа им овозможува да испраќаат пари во странство и да ја избегнуваат наметнатата од владата контрола на капиталот. Четири од петте најголеми „базени за копање“ се кинески, според „Blockchain“.

Цената по која повеќето „копачи“ навистина ќе почнат да се откажуваат е околу 3.000 до 4.000 долари за биткоин, според „Fundstrat“. Од компанијата велат дека криптовалуата се тргувала по цена при која од нејзиното добивање не се заработува ништо и во јануари 2015-та година, кога еден биткоин чинел околу 200 долари.

Потоа цената полека се зголемуваше пред да го достигне максимумот од над 19.000 долари. Оттогаш, биткоинот загуби повеќе од половина од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП