21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно и топло, температурата до 21 степен

Денес облачно и топло, температурата до 21 степен

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локалени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат со слаб а во западните планински предели со умерен интензитет. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 13 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен југоисточен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 18 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со засилен повремено силен јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневни температури на воздухот. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во ноќните часови на повисоките планини ќе има повремен снег.

Од утре попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП