20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел...

Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден

Лидери, кога станува збор за износот на минималната цена на трудот се Австралија, Луксембург, Нов Зеланд, Франција и Холандија.

Институтот за економско и социјално истражување на ЕУ во својот извештај за март 2018 година укажува дека на почетокот на оваа година во државите членки на Европската унија е забележано просечно зголемување на минималните заработки од 4,4 проценти.

Највисокото ниво на минимална заработка надвор од Европа е во Австралија 12,42 евра по час. Во Западна Европа жителите во просек заработуваат осум евра по час. Предничи Луксембург со 11,55 евра, додека најмалку е во Белгија 9,47 евра по час.

Втората група на земји се оние со минимална заработка од три до пет евра по час, а тука спаѓаат Словенија (4,84 евра), Шпанија (4,46 евра), Малта (4,31 евро), Португалија (3,49 евра) и Грција (2,3 евра).

Во третата група се земјите на Источна Европа, каде минималните плати се под три евра на час – Бугарија 1,57, Турција 2,53, Украина 0,74 и Молдавија 0,68 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП