17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови на Центар, Кисела Вода, Гази Баба и Шуто Оризари денес без...

Делови на Центар, Кисела Вода, Гази Баба и Шуто Оризари денес без струја

Поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска ќе останат без струја делови на Центар, Кисела Вода, Гази Баба и на Шуто Оризари.

Без електрична енергија во периодот од 10 до 16 часот ќе останат корисниците од делови од улиците Славејко Арсов и Христо Чернопеев (општина Центар), во периодот од 9.30 до 10.30 часот корисниците од дел од улицата Козара од бр. 2 до бр. 32 и околните објекти (општина Центар). Во периодот од 8.45 до 11 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Томе Арсовски, Антон Попов, Димо Хаџидимов и објектите во непосредна близина (општина Кисела Вода), од 8.45 до 15 часот корисниците од селата Идризово, Мралино и дел од Кадино, месноста Дрма и фирмите „Пивара“, „Маклифт“, „Мајами“ и „Макпетрол“ – Идризово (општина Гази Баба).

Струја ќе нема во периодот од 8.30 до 11 часот и за корисниците од улицата Милан Мијалковиќ (општина Кисела Вода), од 11.30 до 14 часот за корисниците од улиците Томе Арсовски и Антон Попов (општина Кисела Вода) и во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Пелагонија (општина Шуто Оризари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП