3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка ги задржа каматните стапки на депозитите негативни

Швајцарската централна банка ги задржа каматните стапки на депозитите негативни

Швајцарската централна банка ги задржа каматните стапки негативни, велејќи дека ќе се држи до својата политика за да ја ослабне локалната валута, објави „Блумберг“.

Регулаторот рече дека франкот и понатаму е „високо ценет“ во однос на еврото и дека тековните политики остануваат суштински. Очекувањата на пазарот се токму задржувањето на монетарните инструменти што ги користи централната банка.

Каматните стапки на депозитите од деловните банки останаа негативни на -0,75%, задржувајќи ја нивната вредност од почетокот на 2015-та година.

Додека економскиот раст во Швајцарија и во еврозоната се засилува, тоа ценовниот притисок останува под целните нивоа на регулаторот и од централната банка не сакаат да преземат ништо што ќе го поскапи дополнително франкот и да ги поткопа напорите за забрзување на инфлацијата.

Одлуката на швајцарската централна банка се спротивставува на многу други централни банки. Очекувањата се ФЕД да ги подигне каматните стапки следната недела, а Англиската централна банка веќе предупреди за побрзо затегање на монетарната политика. Против оваа позадина и Европската централна банка неодамна ги промени политичките насоки, приближувајќи се, иако со мал чекор, кон излезот на стимулациите.

„Ситуацијата со валутниот пазар е сé уште кревка и монетарните услови можат да се променат многу брзо“, се вели во соопштението на Швајцарската централна банка.

Швајцарија ја заврши 2017-та со постојан раст од 0,6% во четвртиот квартал, поддржан од глобалниот економски раст и послаб франк. Локалната валута минатата година падна за 8% во однос на еврото, помагајќи им на компаниите ориентирани кон извоз.

Сепак, постојат знаци дека моментумот во еврозоната може да изгуби дел од своето темпо, кое исто така ќе влијае и на Швајцарија. Довербата може да биде поткопана од плановите на САД да воведат царина за увозот на челик и алуминиум, како и од контрамерки кои можат да ги преземаат другите земји.

Швајцарската инфлација се очекува оваа година да се забрза на просечни нивоа од 0,6% и 0,9% во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП