25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитика: Јавното приватно партнерство да биде во инетерс на граѓаните а не...

Аналитика: Јавното приватно партнерство да биде во инетерс на граѓаните а не само бизнис интерес

„Аналитика“ денес ги претстави заклучоците од истражувањето „Јавно приватно партнерство: проблеми и можности во Република Македонија

Бојана М.Христовска ги нотираше клучните проблеми при спроведувањето на проектите на ЈПП на национално и локално ниво и ги сподели наодите од Државниот Завод за ревизија од извршената ревизија на ЈПП на локално ниво. “Со цел успешна имплементација на проекти со ЈПП потребно е зајакнување на институционалните капацитетите на централно и локално ниво. Непочитувањето на одредбите од Законот и пропусти во начинот на спроведување на отворената постапка за доделување на договор за ЈПП, се главните проблеми“истакна Бојана М.Христовска.

Тамара М.Спасова ги презентираше препораките од анализата за подобра имплементација на ЈПП и ја потенцираше важноста од вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на ЈПП, со цел да бидат катализатор, лидер и доминантен партнер свесен за важноста на јавните интереси. „ Кон ЈПП треба да се пристапи многу внимателно. Дијалогот и дискусијата за ЈПП треба да се иницираат во земјата, вклучувајќи ги сите релевантни засегнати страни, со цел да се продлабочи разбирањето за овој концепт. Оваа алатка (ЈПП) за финансирање на јавни услуги треба внимателно да се користи имајќи предвид дека генерира имплицитен долг.“ Постои ризик од корупција земајќи ги предвид опфатените области, висината на договорите, како и долгиот период на траење на договорите, а транспарентноста е предуслов за спречување на корупцијата“ истакна Тамара Спасова.

На настанот свое излагање имаше и Д-р сци. Саша Максимовски кој има повеќегодишно практично искуство и експертиза во делот на проектен менаџмент со модели на ЈПП. Тој смета дека, системското воспоставување на еден поефикасен институционален модел на менаџирање со ЈПП проектите во РМ бара ревидирање на постојниот систем или воспоставување на нов кој ќе се базира на стратегиски развојни документи. “Соодветна подготовка и следење на спроведувањето на ЈПП проектите, земајќи ги во предвид пошироките економски, социјални и еколошки цели, како и придобивките за јавниот партнер кој е важен фактор во развојот на ЈПП проекти, се услови за успешна имплементација на ЈПП“, истакна Саша Максимовски.

Проектот е подржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС, а целосното истражување наскоро ќе биде достапна на интернет страната на Аналитика тинк тенк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП