25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A3 Sportback e-tron најавен за следната година

Audi A3 Sportback e-tron најавен за следната година

etron

„Audi“ најави дека моделот „A3 Sportback e-tron“ следната година ќе пристигне во дилерските претставништва и ќе биде со почетна цена од 38.000 евра. Возилото беше прикажано во март месец на саемот во Женева и го карактеризира преработен 1.4L TFSI мотор кој развива 150ks.

Автомобилот исто така го придвижува и електричен мотор со 102ks, а вкупната моќ изнсува 204ks и 350Nm вртежен момент. Погонот на овој модел ќе биде пренесен на предната осовина преку шестстепена  „e-S tronic double clutch“ трансмисија.

etron1

Комбинацијата на моторот и трансмисијата овозможува ова возило да забрза од 0 дo 100km/h за 7.6 секунди, додека максималната брзина на овој модел е 222km/h. Според извештаите на компанијата, моделот „Audi A3 Sportback e-tron“ го карактеризира потрошувачка од 1.5 L/100km со емисија на штетни гасови од 35 g/km.

etron2

Овој модел ќе може да се користи и како целосно електричен, хибриден или бензински автомобил. Во првиот режим може да помине 50km со едно полнење на батеријата и да достигне максимална брзина од 130km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП