25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД сака oд Кина да го намали трговскиот дефицит за 100 милијарди...

САД сака oд Кина да го намали трговскиот дефицит за 100 милијарди долари

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп врши притисок над Кина да го намали со 100 милијарди долари трговскиот суфицит со САД, објасни портпаролот на Белата куќа, пренесува „Ројтерс“.

Минатата среда Трамп објави во „Twitter“ дека побарал од Пекинг да развие план за намалување на трговската нееднаквост со САД со 1 милијарда долари. Сепак, според портпаролот, американскиот претседател имал во предвид 100 милијарди долари.

Во 2017-та година, САД забележаа рекорден трговски дефицит од 375 милијарди долари со Кина, според Бирото за попис на населението во САД. Ова се две третини од глобалниот трговски дефицит од 566 милијарди американски долари.

Кина го пријави својот трговски суфицит со САД од 276 милијарди долари. Глобалниот трговски суфицит на земјата изнесува 422,5 милијарди долари, потсетуваат агенциите.

Вчера стана јасно уште дека Трамп наредил да биде подготвена одредба за воведување на царини за редица стока од Кина, чиј увоз од САД достигна 60 милијарди долари годишно.

Според извори од „Ројтерс“, најмногу се работи за производство во технолошкиот сектор.

Според друг извор, кој е директно запознаен со плановите на администрацијата, овие давачки можат да бидат објавени наскоро и ќе влијаат на близу 100 кинески производи.

Белата куќа не сакаше да даде коментар за обемот и временскиот распоред на мерката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП