7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстро од ЕУ: Тргувајте, а не војувајте господине претседателе

Остро од ЕУ: Тргувајте, а не војувајте господине претседателе

„Кога претседателот се жали за премногу тарифи меѓу ЕУ и САД, можам да го сфатам. Ни ние не сме задоволни“, изјави Туск.

Европската унија и САД треба да ги обноват прекинатите трговски преговори, што би било пат за изземање на европските производители од планираните увозни царини на американскиот претседател Доналд Трамп за челикот и алуминиумот, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Кога претседателот се жали на премногу тарифи меѓу ЕУ и САД, можам да го сфатам. Ни ние не сме задоволни“, изјави Туск на конференцијата за новинари во Хелсинки, а пренесува Ројтерс.

„Токму тоа е причината зошто пред неколку години ги покренавме трговските преговори со САД. Сега би требало да се вратиме на тие преговори. Тргувајте, а не војувајте, господине претседателе“, порача Туск.

Трамп на 8ми март го потпиша указот за воведување на тарифи од 25 проценти на увозот на челик и 10 проценти на увозот на алуминиум. Од тарифите, засега, се исклучени Мексико и Канада.

Трамп смета дека на тој начин ги штити американските работници, а сојузниците на САД најавија дека ќе возвратат на спорната мерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП