Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,500.24 -1.52%    GRNT 1,004.01 -0.1%    KMB 6,754.94 -1.65%    LHND 615.00 0%    MPT 69,464.56 -0.76%    OHB 4,650.00 0%    RMDEN17 98.50 -0.51%    SBT 2,837.21 -0.45%    STIL 72.00 -1.37%    TNB 17,100.00 -0.58%    UNI 2,400.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Заев на средба со седумдесетина компании членки на Стопанската комора Македонија – Турција

Време: 11:28

Датум: март 15, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил и советникот за економија и финансии, Фатмир Бесими вчера одржаа работен состанок со седумдесетина компании членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО кои беа предводени од претседателот на комората, Ајдован Адемовски.

На работната средба со компаниите членки на МАТТО премиерот Заев ги потврди силните заложби на Владата да ја интензивира економската соработка со Турција и посочи дека токму ваквиот тип на средби се во правец на остварување на тие заложби. Премиерот Заев ги пренесе позитивните впечатоци од неодамнешната официјална посета на Турција и рече дека постои силна политичка волја од двете страни традиционалното вековно пријателство уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на економската соработка помеѓу двете земји. Во рамки на работната средба беа споделени размислувања, идеи и препораки од страна на бизнис заедницата.

„Импресионирани од мотивацијата којашто ја добивме од неодамнешната посета на Турција, наша заедничка должност е да разработиме конкретни проекти и активности кои за деловната заедница ќе значат бизнис и повеќе профит, за Република Македонија нови работни места, зголемување на БДП и севкупниот извоз“, порача премиерот Заев.

Тој рече дека во Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот, и порача дека уште повеќе треба да се зголемува овој број на турски инвестиции и да се искористи големиот потенцијал за соработка што двете земји го имаат. „Охрабрувањето што го добивме од Турската стопанска комора и од разговорите со премиерот Јилдирим и претседателот на Турција, Ердоган покажуваат една сериозна посветеност во детали кон Република Македонија. Негуваме едно традиционално вековно пријателство коешто мора да не охрабри сите, пред се деловната заедница да преземеме уште поконкретни инвестиции во земјава“, додаде Заев на средбата со турските бизнисмени.

Премиерот Заев информираше за можностите што ги отвора Планот за економски раст и законското решение коешто помина на владина седница и изрази силни очекувања дека стопанствениците ќе ги пронајдат своите можности за инвестирање преку поддршката што ја овозможува овој план и ќе преземат храбри чекори за нови инвестиции во Македонија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Расположението кај германскиот бизнис продолжува да се подобрува во септември. Индексот на деловната клима на Институтот за економски истражувања „Ifo“ се искачи на 93,4 поени…

  • Инвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

    Инвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

    Глобалната продажба на ризични средства ги сруши европските берзи на најниско ниво во последните три месеци, бидејќи недостатокот на нови стимуланси за американската економија и…

  • Бесими: Се очекува следната да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

    Бесими: Се очекува следната да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

    Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување,…

  • Прв веб речник на Македонски знаковен јазик “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

    Прв веб речник на Македонски знаковен јазик “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

    Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста. www.znakoven.mk Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви…

  • Изложба на фотографии од Милчо Манчевски во МСУ

    Изложба на фотографии од Милчо Манчевски во МСУ

    „Уметничкиот пристап на Милчо Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и ги избегнува конвенциите. Во „ТАМУ“, тој нѐ води на патување кое е…

  • Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

    Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

    Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб…

  • Ангеловска-Бежоска: За побрз раст на малите економии се неопходни поголем извоз и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија

    Ангеловска-Бежоска: За побрз раст на малите економии се неопходни поголем извоз и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија

    И во текот на ковид-кризата, извозниот сектор е клучен за економијата. Искуствата покажуваат дека за побрза реална конверегенција, за малите и отворени економии се неопходни…

  • „Деновите на македонскиот мед 2020“

    „Деновите на македонскиот мед 2020“

    На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде организрано свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“. Овие 16-ти по ред „Денови на македонскиот…

  • Направете една работа, ама направете ја подобро од сите други

    Направете една работа, ама направете ја подобро од сите други

    Имате добар проект. Паметни сте, талентирани и имате желба за успех. Тоа може само да се посака. Во што е проблемот кога ваквиот спој не…

  • Франк де Бур е нов селектор на Холандија

    Франк де Бур е нов селектор на Холандија

    Франк де Бур е назначен за нов селектор на Холандија. 50-годишниот тренер го заменува Роналд Куман, кој минатиот месец ја презеде Барселона и потпиша двегодишен…