19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTui купува 60 авиони од Боинг

Tui купува 60 авиони од Боинг

ts_presse_b737_800_gr

Најголемиот туристички оператор „TUI“ договори купување на 60 авиони од компанијата Боинг кои ќе бидат од моделот 737 MAX. На ваквиот чекор овој тур-оператор се одлучил се со цел да ги намали трошоците за гориво. Договорот е во вредност од 6.09 милијарди долари.

Се очекува авионите да бидат испорачани во периодот од јануари 2018-та до март 2023-та година. Во следниот период се очекува овој договор да биде одобрен од страна на акционерите.

Американскиот производител на авиони Боинг тврди дека овој модел на авиони троши 13 проценти помалку гориво од стариот Боинг 737.

„TUI“ поседува шест европски авиокомпании кои ги користат за своите потреби, а тие се „Thomson Airways“, „TUIfly“, „TUIfly Nordic“, „ArkeFly“, „Jetairfly“ и „Corsair“. Со нив остваруваат летови до 180 земји ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП