28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на вработени во ЕУ и еврозоната достигнува рекордно високо ниво

Бројот на вработени во ЕУ и еврозоната достигнува рекордно високо ниво

Бројот на вработените лица во Европската унија (ЕУ) се зголемува за 0,2% во четвртиот квартал од 2017-та година, со што се задржува темпото од претходните три месеци, покажуваат последните сезонски прилагодени податоци на „Еуростат“, објавени денеска.

На годишна основа, растот изнесуваше 1,5% во споредба со 1,6% во третиот квартал од годината, што укажува на мало забавување на стапката на раст.

Просечниот квартален раст на вработеноста во евро-зоната во однос на периодот јули-септември изнесува 0,3%, што укажува на забавување на 0,1 процентен поен на квартална основа. На годишна основа, зголемувањето изнесуваше 1,6% во споредба со 1,7% во претходните три месеци.

Според проценките на „Еуростат“ 236,8 милиони лица биле вработени во 28-те држави од ЕУ во последните три месеци од 2017-та година, а во еврозоната нивниот број бил 156,7 милиони лица. Ова се рекордно високи нивоа за двата региони.

За цела година, вработувањето во ЕУ и во единствената валута се зголеми за 1,6% во споредба со порастот од 1,2% и 1,3% во претходната година.

За кварталот највисок раст на вработеноста е регистриран во Малта (1,8%), Естонија (1,6%), Финска (1,2%) и Луксембург (1,1%) во споредба со претходното тримесечје. Сепак, во неколку земји има опаѓање – во Италија и Полска за 0,3%, а во Грција и Литванија за 0,1%. Само во Чешка вработувањето е непроменето.

На годишна основа, најголем раст на вработеноста во кварталот е повторно обележан со Малта од 6,1%, потоа Естонија за 5,7% и Хрватска за 3,8%. Една единствена земја што пријави пад на вработеноста е Литванија за 0,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП