5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија издвојува 10 милијарди долари помош за Африка

Јапонија издвојува 10 милијарди долари помош за Африка

japonija11

Владата на Јапонија ќе издвои најмалку 10 милијарди долари помош за Африка во наредните пет години, пренесуваат јапонските медиуми.

Заедно со инвестициите од приватниот сектор, во Африка до 2018 година од Јапонија би можеле да се слеат вкупно 30 милијарди долари, бидејќи Токио сака да освои  еден дел од афричкиот пазар во развој, наведува јапонската агенција Никеи, пренeсува агенцијата Франс прес.

И покрај релативно долгите и цврсти врски, важноста на Јапонија во Африка е помала во споредба со важноста на Кина, чиј агресивен пристап доведе до зголемување на трговската размена со Африка за пет пати и раст на директните инвестиции за осум пати.

Јапонскиот бизнис весник „Шанкеи Шимбун“ пишува дека премиерот Шинзо Абе на Меѓународната конференција во Токио за равојот на Африка, ќе ја најави официјалната владина помош во вредност од најмалку десет милијарди долари.

На конференцијата ќе учествуваат лидери од повеќе од 40 земји и претставници на меѓународни организации.

Претходно овој месец, Абе соопшти дека ќе патува во целиот свет со цел да ја промовира јапонската технологија за изградба на патишта, железници и електрични мрежи, во обид да го поттикне извозот во секторот на инфраструктурата и да ја поттикне економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП