20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААјфеловата кула ќе добие нова боја?

Ајфеловата кула ќе добие нова боја?

Кога Ајфеловата кула била изградена во 1899 година, многу парижани ја гледале со презир. На ова можеби влијаел и фактот дека најпрепознатливиот француски споменик тогаш бил обоен во црвена боја. За 129 години постоење, кулата е бојосана 19 пати.

За јубилејното 20-то бојосување, чиј почеток е најавен во текот на годинава, француското Министерство за култура и градските власти треба да одлучат дали повторно ќе се користи постојната метална боја или некоја друга нијанса.

„Имаме идеја повторно да ги заживееме старите бои, како што обично се прави кога се обновува стара уметничка слика. Размислуваме да додадеме нови нијанси на постојната“, соопштиле од Министерството за култура.

Авторот на кулата, францускиот инженер Густав Ајфел, првично го замислил зданието во црвена боја за да може полесно да се заштити од ‘рѓа. Од нејзината изградба Ајфеловата кула била бојосувана во окер, жолта и неколку нијанси на кафеава, пишува Travel and Leisure.

Инаку, за јубилејното бојосување, кое ќе започне во октомври и ќе трае околу три години, ќе бидат потребни 60 тони боја. Се планира работата, која ќе вклучува и поставување непробојно стакло околу споменикот, да чини околу 300 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП