7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсреќните и најмизерните земји во 2018-та, Македонија е на 89-то место

Најсреќните и најмизерните земји во 2018-та, Македонија е на 89-то место

Финска е најсреќната земја во светот, според последниот извештај за Светското задоволство на ОН.

Минатогодишниот лидер Норвешка оваа година го освои второто место, а зад неа се Данска, Исланд и Швајцарија, пишува „CNN“.

Светскиот извештај за среќата се распространува од Мрежата на решенија за траен развој (SDSN) – светска програма создадена од страна на ОН во 2012-та година, традиционално на 14-ти март – неколку дена пред Меѓународниот ден на среќата, кој се одбележува на 20-ти март.

Тој ги рангира земјите врз основа на шест фактори – БДП-то по глава на човек, траењето на животот и добро здравје, слободата, великодушноста, социјалната помош и перцепција за корупцијата на високо ниво и во бизнисот.

Првите десет на најсреќните држави во 2018-та година е надополнет со Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Оваа година САД загуби места на листата, така што се најде на 18-то место, Германија ја зазема 15-тата позиција, а Велика Британија е 19-та. Јапонија е 54-та, Русија е 59-та и Кина е 86-та.

Најмизерните земји во светот

Според истражувањето, кое вклучува 156 земји, населението на Бурунди е најмизерно, по нив следи Централноафриканската Република (155), Јужен Судан (154), Танзанија (153) и Јемен (152).

Македонија е на 89-та позиција во оваа година, подобрувајќи го рангирањето за три места. Во 2016-та година земјата беше на 93-то место.

Нашите соседи традиционално се сметаат за посреќни. Романија е 52-ра, Косово е 66-то, Турција е 74-та, Србија и Грција се 78-мо и 79-то, а зад нас е Бугарија на 100-та позиција и Албанија на 133-то место.

Ова е шестиот последователен Светски извештај за задоволство кој се одвива од 2012-та година. Рангирањето на најсреќните земји во светот се базира на анализа на податоците од истражувањето во 156 земји спроведени од 2015-та до 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП