
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 60 милијарди долари на увозот на кинеската стока.


Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 60 милијарди долари на увозот на кинеската стока.
Како што пренесуваат медиумите, неговиот план е најпрвин да се насочи на технологијата односно на ИТ секторот.
Ова неодамна го потврдија две лица кои за ова прашање преговарале со Трамп и неговата администрација.
Списокот со производи кои би можеле да се најдат на листата е долг и на него ќе се најдат дури 100 производи.
Белата куќа сеуште не се огласи по овој повод.
Царините на увозот на челик и алиминиум кои Трамп ги воведе минатата недела се релативно безначајни во однос на вкупниот увоз и извоз, но овој нов потег би можел да предизвика остар одговор од Пекинг, предупредуваат аналитичарите.