29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Европа Nissan продаде 10.000 примероци на Leaf

Во Европа Nissan продаде 10.000 примероци на Leaf

leaf

„Nissan“ објави дека продале 10.000 примероци од моделот „Leaf“ на купувачите во Европа со што дополнително ја подобри позицијата на овој автомобил за најдобро продавано електрично возило на сите времиња.

Силви Лаилер стана купувач на јубилејниот примерок и таа како медицинска сестра ќе го користи овој автомобил да ги посетува постарите пациенти, а истовремено преку викендите ќе и служи за возење со нејзиното семејство.

leaf1

Таа наведува дека овој модел го одбрала поради тоа што била импресионирана од неговото тест-возење. Исто така истакнува дека особено ја радуваат малите трошоци за експлоатација на овој автомобил кој ќе го користи за извршување на своите работни задачи.

Лаилер нагласува дека и еколошкиот аспект на возилото бил значаен фактор затоа што таа е свесна колку ќе и помогне на нашата планета со тоа што го заменила своето дизел возило со електричниот автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП