2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Нов рекорд на невработеност

ЕУ: Нов рекорд на невработеност

nevrabotenost

Стапката на невработеност во еврозоната достигна нов рекорд. Сезонски прилагодената стапка на невработеност за април изнесуваше 12,2 проценти, додека за претходниот месец изнесуваше 12,1 процент.

Дополнителни 95.000 лица останаа без работа во 17 земји членки на еврозоната, а вкупниот број на невработени лица сега изнесува 19,38 милиони, пренесува BBC.

Една од четири личности во Грција и Шпанија во моментов е без работа. Најниската стапка на невработеност е во Австија – 4,9 проценти.

Статистичкиот завод Еуростат соопшти дека во Германија невработени се 5,4 проценти од населението, а во Луксембург 5,6 проценти.

Најголемата стапка на невработеност е забележана во Грција – 27 проценти, во Шпанија – 26,8 проценти и Португалија – 17,8 проценти.

Стапката на невработеност меѓу младите е особено загрижувачка. Во април, 3,6 милиони млади луѓе во еврозоната под 25 години биле невработени, а тоа е 24,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП