26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитира новиот Ford Mustang California Special (фото+видео)

Дебитира новиот Ford Mustang California Special (фото+видео)

Уште во текот на летото, „Ford“ планира да го лансира новиот „Ford Mustang California Special“. Моделот е „наследник“ на истоимениот спортски автомобил, кој се произведуваше во 1968-ма година и се засноваше на „Ford Mustang Shelby GT“.

Според податоците, новиот „Ford Mustang California Special“ се базира на максималната варијанта на „Ford Mustang GT“, но има бројни разлики од фабричкиот амтомобил. Моделот е опремен со алуминиумски тркала со 5 краци и амблемот познат по моделот од 1968-ма година.

Што се однесува до техничките карактеристики, возилото има 5-литарски V8 мотор со турбополнач, кој развива максимална моќност од 460 коњи. Динамичките карактеристики се уште не се откриени.

Меѓу другите карактеристики на новиот „Ford Mustang California Special“ вреди да се спомене специјалниот аеродинамичен пакет „Ford Performance Package“, како и премиум аудиосистемот „Bang & Olufsen“ со 10 звучници и моќност од 1.000 вати.

Продажбата на овој „мускулест“ автомобил започнува во текот на летото, но цената сè уште не е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП