7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска во ОН: Преземени се конкретни чекори за искоренување на сиромаштијата кај...

Царовска во ОН: Преземени се конкретни чекори за искоренување на сиромаштијата кај жените

Република Македонија се приклучува на изјавата на Европската Унија која се однесува на статусот на жените и ја споделува определбата да се засилат напорите кон трајна и трансформативна промена на животот на секоја жена и девојка во светот, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето излагање во Генералното собрание на ОН.

Инаку, Царовска учествува на 62-та сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединетите Нации, при што нагласи дека Министерството ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, координација и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на Агендата за родова еднаквост и еманципација на жените.

„Преземени се значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Така, со промена на законот за минимална плата се изедначуваат платите за сите економски сектори и се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Со овие промени ги опфативме работниците од текстилната индустрија, од кои 80% се жени“, рече Царовска.

Министерката воедно потенцираше дека Република Македонија во декември минатата година, ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП