7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: Нивото на Охридското Езеро брзо се зголемува, но се преземаат мерки...

ЕЛЕМ: Нивото на Охридското Езеро брзо се зголемува, но се преземаат мерки за одржување на котата

Поради врнежите од дожд и топењето на снегот што предизвика голем доток на води, во изминатите неколку недели нивото на Охридското Езеро континуирано и брзо се зголемува и во последните два дена ја надмина максималната кота (693.75 мнв.), информираат од „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ).

Оттаму истакнуваат дека според мерењата кои ги врши надлежната служба на ХЕС „Црн Дрим“, котата и денеска е малку над дозволената и изнесува 693.82 мнв.

„Со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24 ноември 2017 година за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Eзеро од страна на АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија, наведено е дека во исклучителни случаи, при појава на големи води, максималната кота може да биде 694 мнв.“, стои во соопштението од ЕЛЕМ.

Оттаму ја информираат јавноста дека ги преземаат сите мерки за забавување на растот на нивото на езерото и дека производните капацитети по течението на реката Црн Дрим, хидроелектраните Шпилје и Глобочица, работат со речиси максимален капацитет веќе два месеца, со цел со зголемен контролиран испуст на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим и нејзино прифаќање во електраните, да се одржува нивото на езерото, но, во исто време да се одржува нивото и на реката и да се превенира прелевање на речното корито.

„Стручните лица од АД ЕЛЕМ и од ХЕС Црн Дрим непрекинато ја следат на терен состојбата со нивото на Охридското Езеро и преземаат мерки за одржување на котата под максималната дозволена“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП