8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот со „Казандол“ ќе се раскине откако се исполнети условите

Договорот со „Казандол“ ќе се раскине откако се исполнети условите

Исполнети се условите за раскинување на договорот со „Казандол“, заклучи Владата на вчерашната седница, при што ја разгледа и усвои информацијата за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“.

„Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран, и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на 20.7.2015 година“, соопшти Владата по седницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП