16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре е последен ден за поднесување годишна даночна пријава

Утре е последен ден за поднесување годишна даночна пријава

Утре (15 март) е последен ден за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите што граѓаните ги оствариле во 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму исто така информираат дека законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, која се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Според последните податоци, поднесени се 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Пријавите, освен на даночните шалтери, може да се поднесат и преку пошта, преку е-даноци, за регистрираните корисници на електронските даночни услуги. Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, од УЈП апелираат граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите што се отворени во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, како и мобилниот даночен шалтер во Драчево, кој на 15 март ќе биде стациониран пред Месната заедница во периодот од 10 до 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП