19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаконот за инвестициите доставен на усвојување

Законот за инвестициите доставен на усвојување

Владата на усвојување во Собранието го пушти новоусогласениот текст на предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Со овој закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти што ќе инвестираат во земјата.

Од Владата велат дека законот претставува своевидна шема за поддршка во согласност со прописите со кои се уредува контролата на државната помош за инвестициите. Според нив, целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето, а мерките од законот, освен странските, ги опфаќаат и дијаспората, како и домашните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП