20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки во Штип

Бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки во Штип

Денеска градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, ја промовира мерката за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки.

„Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип – ‘Вера Циривири – Трена’ и ‘Астибо’. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможува на 52 дечиња што ги посетуваат моментно овие две градинки да имаат бесплатен престој,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Со програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2018 година за оваа активност од Советот на Општина Штип се одобрени 1.080.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП