3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе дава дополнителна финансиска поддршка за инвестициите од дијаспората

Владата ќе дава дополнителна финансиска поддршка за инвестициите од дијаспората

Владата вчера на својата 58. седница го усвоила предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добиле и инвестициите од дијаспората – како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Како што нагласуваат оттаму, Владата од својот почеток е посветена на институционален и темелен пристап на градењето доверба и соработка со дијаспората и тоа го докажува со конкретни чекори и дела.

„Согласно со овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Република Македонија коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од Република Македонија и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 проценти“, се наведува во соопштението.

Во него исто така се нагласува дека Владата на РМ ја разбира неопходноста од интензивирање на економската соработка помеѓу државата и дијаспората, па токму усвојувањето на овој закон ќе биде почетниот стимул за придвижување во таа насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП