Повеќе од 70 проценти од Грците не сакаат да ја напуштат татковината, додека повеќето од младите на возраст од 18 до 24 години сонуваат да ја напуштат, покажува истражувањето на Универзитетот во Атина.
Според ова истражување, 72 проценти од Грците се против напуштањето на земјата, а 5,9 проценти се подготвени да ја напуштат татковината и да се преселат во некоја друга држава.
За разлика од повозрасните, младите Грци, односно 52,6 проценти сакаат да ја напуштат Грција, пренесуваат грчките медиуми.
Истржувањето покажало дека 37,9 проценти од испитаниците на возраст меѓу 25 и 34 години сметаат дека странците не претставуваат товар во однос на вработувањето на локалното население. Нивниот став го имаат и 49,8 проценти од возрасните Грци.