10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиопревозниците ќе добијат поддршка во согласност со законодавството на ЕУ

Авиопревозниците ќе добијат поддршка во согласност со законодавството на ЕУ

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници што го користат аеродромот во Скопје.

Во однос на постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарната економија и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство.

Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварување поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП