28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и топло, утре врнежи од дожд

Денес сончево и топло, утре врнежи од дожд

Времето денес е умерено облачно кон југот и особено југоистокот со подолги сончеви периоди. По должината на Повардарјето ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Претежно во западните и источните планински подрачја и на северот ќе има услови за локален дожд и краткотрајно услови за ретки грмежи. Температурата од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне е можна појава на краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Температурата до 17 степени.

Утре ќе се задржи суво време, нови врнежи од дожд ќе има в петок претпладне, особено во западните делови. В сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. В недела врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе биде посвежо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП