9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена програмата за персонална асистенција на лицата со попреченост

Усвоена програмата за персонална асистенција на лицата со попреченост

Министерство за труд и социјална политика предложи, а Владата ја усвои програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за оваа година.

Со оваа програма се утврдуваат корисниците, мерките, носителите, извршителите и обезбедените средства за персоналната асистенција на лица со попреченост со цел да се придонесе за нивното независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Од Владата велат дека мерките од програмата ќе им помогнат на лицата со попреченост во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, за учество во образованието и на пазарот на трудот и други активности, кои лице без попреченост вообичаено би ги извршило без поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП