Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост

Време: 17:00

Датум: март 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На предлог на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година. Оваа услуга се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од буџетот.

Како што информираат од МТСП, со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

„Со оваа програма ќе се обезбеди персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид. Личните асистенти ќе им помагаат при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, при посета на високообразовни институции, неформално образование, професионална рехабилитација или поддршка на работно место“, се наведува во соопштението.

Како што наведуваат од Министерството, асистентите ќе бидат лица кои поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување со вештини за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. Во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година се предвидени средства за обука на 100 невработени лица.

За реализација на Програмата издвоени се 17.500.000 денари од буџетот на МТСП. Оттаму наведуваат дека со воведување на персоналната асистенција ќе се зајакне системот на социјална заштита и ќе се придонесе за практична имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Министерството за труд и социјална политика ќе го следи извршувањето на програмата заради планирање на проширување на опфатот и достапноста на услугата во наредниот период.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Општина Прилеп денеска организира средба со претставници на јавните институции од градот, а целта на средбата, како што информираат од Општината, е поуспешно извршување на…

  • Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Знаци на закрепнување се појавија на пазарите по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред приближувајќи се на долгорочното ниво. Турскиот министер за финансии,…

  • Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска го посети СУГС „Јосип Броз Тито“, каде што е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија…

  • 21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    Инвестициите во хотели во Европа достигна 21 милијарди евра во вториот квартал од 2018-та година, што претставува раст од 5,8% во обемот од трансакции на…

  • НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    Од случувањата во Турција не се очекуваат директни негативни ефекти врз македонската економија, но е мала можноста и за евентуални позначајни негативни преносни ефекти, оценува…

  • Бектеши: Над 120 компании добија финансиска поддршка

    Бектеши: Над 120 компании добија финансиска поддршка

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција информира за реализацијата на дел од мерките за поддршка на малите и средните претпријатија како дел од Програмата…

  • Пекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

    Пекинг, поради царините, на крајот од месецот испраќа преговарач во САД

    Кина ќе испрати висок официјален претставник во САД кон крајот на август за да ги продолжи трговските преговори, првите разговори од тој тип во последниве…

  • Преку 300 американски медиуми тргнаа во “војна” против Трамп

    Преку 300 американски медиуми тргнаа во “војна” против Трамп

    Повеќе од 300 американски медиумски организации започнаа кампања за слобода на печатот како одговор на нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз новинарите. „Boston gloub”…

  • По санкциите, Москва најави контрамерки против САД

    По санкциите, Москва најави контрамерки против САД

    Русија работи на изнаоѓање реципрочен одговор кон САД кога Соединетите Американски Држави воведоа санкции кон една руска компанија, соопшти денеска заменик-министерот за надворешни работи на…

  • До недела стабилно, од понеделник нестабилност со пороенд дожд и грмежи

    До недела стабилно, од понеделник нестабилност со пороенд дожд и грмежи

    Стабилно и суво време за време на викендот, по што од понеделник ќе настапи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР…