21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании ќе инвестираат повеќе од 1 милијарда евра во одгледување канабис во...

Компании ќе инвестираат повеќе од 1 милијарда евра во одгледување канабис во Грција

Пред неколку денови, грчкиот парламент го одобри закон со кој се дозволува одгледување и продажба на канабис за медицински цели. Ова ја отвори вратата за привлекување инвеститори во сѐ уште непозната сфера, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според извештајот, владините мерки веќе се испорачуваат, а пет компании се подготвени да инвестираат преку 1 милијарда евра за да го одгледуваат канабисот и да се произведуваат медицински производи кои ја содржат супстанцијата.

Сепак, се уште треба да се види дали овие намери се сериозни и дали тоа е долгорочна инвестиција. Се очекува дека влијанието ќе биде толку брзо колку властите ќе ги создадат подзаконски акти поврзани со овој закон.

Меѓу најавените интереси се две од најголемите компании во овој сектор во светот – канадските „Aphria“ и „Canopy Growth“. Тие планираат изградба на плантажи за канабис, отворање на вкупно 1.500 работни места и стотици евра инвестиции во оваа активност.

Намерите на „Golden Greece Cannabis“ – е раст на канабис на површина од 1 квадратен километар околу Солун, а подоцна и изградба на фармацевтска фабрика. Првичните планови се дека компанијата ќе инвестира 400 милиони евра, а за две години ќе порасне до 1 милијара евра.

Интерес кон инвестиции има и од „Europacific Medical“, како и холандската „HAPA Medical Holding“.

Климата во Грција е предност во одгледувањето на канабис. Една од големите трошоци во оваа активност е всушност загревањето на оранжериите, а условите во земјата се поволни од оваа гледна точка, додава „Катимерини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП