3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРудникот „Саса“ ќе инвестира милион евра во нова технологија

Рудникот „Саса“ ќе инвестира милион евра во нова технологија

Рудникот за олово и цинк „Саса“ постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјата, но и пошироко. Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот „Саса“ во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот изнесуваше 210 дена.

„Среќни сме и се гордееме на ова достигнување што е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите. Како менаџмент планираме и понатаму да вложуваме во безбедноста на рударите и сите вработени во рудниот „Саса“ затоа што заштитата на здравјето и безбедноста е највисок прироритет за сите нас“, изјави генералниот директор на „Саса“, Неил Стевенсон.

Поради одбележување на ова значајно достигнување, сите вработени во компанијата добија парична награда, а беше организирана и пригодна свеченост. „Им честитаме на сите вработени и на менаџментот на „Саса“ за нивната посветеност во одржување највисок степен на заштита и безбедност во рудникот. Како синдикат ние секогаш се залагаме за поголема безбедност на рударите и затоа навистина сме импресионирани од она што досега е вложено и што е планирано во иднина да се направи на ова поле во „Саса“, изјави Марија Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.

Покрај вложувањата во безбедноста, новите сопственици на „Саса“, компанијата „Централ Азија металс“ од Лондон, продолжуваат и со инвестициите во нова најсовремена технологија во производството. Деновиве започна инсталацијата на новата СМД-мелница, во која се вложени над еден милион евра. Новата постројка, која е единствена од ваков вид во земјата, ќе ги зголеми ефикасноста и сигурноста на технолошкиот процес на извлекување на цинковиот концентрат од рудата што се ископува во „Саса“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП