15 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли рускиот гас да се користи како оружје во Европа?

Може ли рускиот гас да се користи како оружје во Европа?

Во понеделникот украинскиот претседател Петро Порошенко коментираше за време на состанокот со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини дека Русија е недоверливи снабдувач на природен гас, а Москва планира да ја користи суровината како оружје.

Според директорот на Европскиот центар за безбедност на енергетските ресурси (EUCER) Фридберт Флугер во последниве години ситуацијата во Европа е променет суштински и енергетските ресурси во оваа фаза не можат да се користат како геополитичко оружје. Флугер присуствуваше на семинарот на Атлантскиот совет во Вашингтон, објави руската новинска агенција „ТАСС“.

За експертот европскиот пазар веќе се командува од корисниците, а не од продавачите – одлуките се донесуваат од страна на корисниците и е тешко испораките да се користат како средство за притисок, така како што беше можно пред 10 години.

Во ЕУ веќе има повеќе од 30 терминали за течен гас, земјите се поврзани со гасоводи и се изградени бројни складишта. Врските во заедницата овозможуваат гасот да се пренасочи во различни правци и да овозможи слободна трговија.

На истиот форум дипломатот Ричард Морнингстар, поранешен специјален пратеник на американскиот државен секретар за енергетика во Евроазија, пак ја критикуваште официјалната политика на САД спрема „Северен поток 2“. Според него Вашингтон не треба да наметнува санкции против овој гасовод.

Официјалниот став на државниот секретар Рекс Тилерсон сепак, е дека овој проект не треба да биде реализиран и тој ја поддржи Полска во нејзините обиди ја да блокира изградбата на уште две цевки по дното на Балтичкото Море.

„Северен поток 2“ станува потенцијално „јаболко“ на раздорот – за гасоводот активно лобира најголемата европска економија Германија, но во Централна и Источна Европа стравуваат дека тој ќе го зголеми влијанието на Русија на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП