1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИПАРД јавниот повик во втората половина на јуни

ИПАРД јавниот повик во втората половина на јуни

normal_1363043707-1

Во втората половина на јуни годинава објавен ќе биде повикот за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013.

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиските средства од овој повик ќе бидат наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

– Претстојниот ИПАРД јавен повик овозможува зголемени можности по однос на типот инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, велат од Агенцијата.

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, како и упатствата за корисниците на ИПАРД средства ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата на Агенцијата.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтересираните можат да ги добијат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Информации за изготвување и доставување барања, како и бесплатни практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП