28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов си оди, кој ќе го замени?

Богов си оди, кој ќе го замени?

На 21-ви мај оваа година истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Богов беше избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија во март 2011 година, а на функцијата стапи на 21 мај 2011 година, од кога и започна неговиот мандат. Тој е четвртиот гувернер на Народната банка кој ја извршувал оваа функција заедно со Борко Станоевски, Љубе Трпески и Петар Гошев.

Според законот, Претседателот на државата го предлага, а во Собранието на седница го гласаат со просто мнозинство.

Засега, од Кабинетот на претседателот сеуште нема предлог кој ќе го наследи досегашниот гувернер и велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно досегашната пракса во изминативе години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП