21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтересни последици од кризата во ЕУ

Интересни последици од кризата во ЕУ

main-europecrisis

Рецесијата со која се соочуваат земјите од стариот континент, дури и оние кои се дел од ЕУ, последиците ги чувствуваат не само во пазарот на труд или потрошувачката корпа.

Според резултатите од едно истражување покажа дека кризата има и некои неочекувани последици.

Во Франција обемот на најпознатото италијанско јадење, пицата, стана помал. Скоро за една година тој е намален од 32 на 31.3 сантиметри, додека цената се зголеми од 9.7 евра колку што изнесуваше во 2012-та на 10.4 евра во 2013-та. Па така доколку го јадете овој специјалитет ќе добиете 4.3 проценти помалку пица, а ќе платите 70 центи повеќе.

Според пресметките на првите луѓе во градот Милуза тие ќе заштедат 240.000 евра со тоа што за еден степен ќе ја намалат температурата во базените. Во слединте две години владата на Франција ќе ги намали додатоците на општините за 4.5 милијарди евра. Па така властите во Милуза однапред се подготвиле за овој удар, а за тие да се заштитат одлучиле да ја зголемат влезницата во зоолошката, но и да го намалат буџетот на градскиот превоз за 500.000 евра.

Една од најпогодените земји во ЕУ е Грција која имаше недостаток од енергенси за затоплувње, па дури беа приморани да ги сечат маслиновите дрва и да ги користат за огрев, иако цената на маслиновото масло порасна речисни двојно во однос на 2012-та година.

Во Шпанија, победниците на тамошниот квиз „Сложувалка“ не ги добија паричните награди од 400 до осум илјади евра, која им припаѓа од јуни 2011 година.  Продуцентската куќа, соочена со големи финансиски проблеми банкротираше уште на почетокот на мај. Квизот беше сменет во емисија „Салвадос“ која со репортажи на тема економска криза стана една од најгледаните на шпанската телевизија.

Истражувањето укажа и на постоење на „ кармин-ефект“. Имено, во период на криза било да станува збор за 1930-та или 2008-та година, забележано е дека жените се шминкаат понападно. И додека другите производители отпуштаат работници, компаниите за производство на козметички препарати бележат пораст на производството и приходите.

Порано, се мислеше дека жените користат посилна шминка за да ги елиминираат црните мисли, но едно неодамнешно истражување, се констатирало дека во време на криза, жените ставаат црвен кармин за да привлечат побогати мажи и со тоа да си ги подобрат своите финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП