28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Европа мора да биде подготвена да им одговори на САД

Меркел: Европа мора да биде подготвена да им одговори на САД

Европа мора да биде подготвена да одговори на едностраното воведување на тарифи од страна на САД на увозот на челик и алуминиум, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа на конференцијата за новинари во Берлин изјави дека Германија ќе одговори со реципроцитет доколку едностраната постапка не може да се избегне, но нагласи дека, пред се, се надева на разговори за ова прашање.

„Доколку оваа еднострана постапка не може да се избегне, тогаш мораме да размислиме за тоа како можеме реципрочно да одговориме, но јас пред се сум за разговори, за кои ќе постојат доста прилики“, заклучи Меркел.

Трамп минатиот четврток воведе тарифи од 25 проценти на увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП