4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со умерена до значителна облачност, температурите до 19 степени

Денес сончево со умерена до значителна облачност, температурите до 19 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Повеќе сончеви периоди ќе има во централните делови, а во крајните западни и источни делови ќе има локален дожд и услови за ретка појава на грмежи, информира УХРМ.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен на југот од земјава. Температурата ќе достигне од 11 до 19 степени.

Во Скопската котлина времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен западен ветер, а температурата ќе достигне 16 степени.

Утре и во четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП