20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСилва со два гола ја обезбеди победата на „граѓаните“ (видео)

Силва со два гола ја обезбеди победата на „граѓаните“ (видео)

Манчестер сити се на уште еден чекор поблиску до освојувањето на титулата од Премиер лигата, откако на гостувањето кај Стоук сити забележија лесна 0:2 победа, благодарение на одличната партија на Давид Силва, кој ги постигна двата гола за лидерите.

Силва стрелаше во 10. и 50. минута за тимот на Пеп Гвардиола да забележи четврта победа во низа во Премиер лигата и да ја врати предноста на 16 поени пред градските ривали Манчестер јунајтед на само осум кола до крајот на шампионатот.

Од другата страна, Стоук сити се наоѓа во грчевита борба за опстанок – клубот е претпоследен во лигата со 27 поени, исто колку и 18-пласираниот Кристал палас и со поен помалку од Саутемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП