1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес граѓаните на Бутел ќе може да го следат квалитетот на...

Од денес граѓаните на Бутел ќе може да го следат квалитетот на воздухот што го дишат

Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, заедно со министерот за животна средина и физичко планирање, Садула Дураку, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе ја пуштат во употреба мерната станица за следење на квалитетот на воздухот во општина Бутел.

Општина Бутел е првата општина што ќе ја користи мерната единица за следење на квалитетот на воздухот, што е финансирана од ЕУ. Веќе од денеска граѓаните на Бутел ќе може да го следат квалитетот на воздухот што го дишат.

Мерната станица е дел од континуираната поддршка на Европската Унија во секторот за квалитет на воздухот, која се реализира во тесно партнерство со националните власти. ЕУ исто така обезбеди специјализирано возило за вршење редовно калибрирање и услуги за одржување, како и одреден број инструменти за да се подобри следењето на квалитетот на воздухот во земјата. Корисник на овој проект е Министерството за животна средина и физичко планирање во вкупна вредност од 272.000 евра. Овој настан е дел од кампањата „ЕУ за тебе!“, која има цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП