2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА53% од опасните стоки на европскиот пазар доаѓаат од Кина

53% од опасните стоки на европскиот пазар доаѓаат од Кина

Во 2017-та година во „RAPEX“ – системот за брза реакција при присуство на опасни стоки (непрехранбени) се добиени 2.201 сигнали, станува јасно од годишниот извештај на Европската комисија (ЕК). 53% од нив, или вкупно 1.167 сигнали, се за стоки од Кина.

Како процент, бројот на предупредувањата за кинеските опасни материи останува непроменет. Од податоците на ЕК е видно дека сигналите за опасните стоки со потекло од Европа се 26% од сите – вкупно 574, во однос на 23% во 2016-та година.

Зголемувањето во процентуален однос се должи главно на моторните возила, кои се претежно со европско потекло. Во оваа година ЕК предвид зголемен број сигнали за опасности поврзани со автомобилите – на пример опасност од пожар.

Во 2016-та година, сигналите за опасни стоки во земјите на ЕУ беа 2.044 година.

Статистиката за 2017-та година покажува дека најмногу сигнали за опасни стоки имало во однос на детските играчки (29%), моторните возила (20%) и облеката и текстилните производи (12%).

Најмногу сигнали поднеле властите во Германија (16%), Шпанија (10%) и Франција (9%). Големиот број сигнали од овие земји, не е причина за загриженост, бидејќи тие зависат од многу фактори – големината на пазарот, обемот на увозот, како и од фреквенцијата на извршените проверки.

Системот „RAPEX“ беше воведена во 2003-та година и дава информации за пресретнати опасни и превземените стоки од пазарите во земјите од ЕУ. Исто така, обезбедува брз одговор на другите членови на заедницата. Во неа во моментов учествуваат 31 држави – 28-те членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП